петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јуниорите поразени на стартот на Европското првенство „Б“ дивизија

Јуниорите поразени на стартот на Европското првенство „Б“ дивизија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација „Под 18“ загуби во првиот натпревар на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија, откако беше совладана од Велика Британија со 68:84.

Марко Луканоски со 22 поени и девет скока беше нашиот најкорисен играч, Јаничиќ додаде 11 поени, а Шошкиќ, кој имаше проблеми со личните грешки низ целиот тек на мечот запиша 12.

В недела од 16.30 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Австрија, која по стартната победа на средбата со Норвешка (97:64), вечерва играше против Исланд.

И на крајот стигна до втор триумф (82:72) кој ги става на делба на првата позиција со Велика Британија во групата „А“ по двете одиграни кола.