сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јуниорите поразени од Луксембург во Скопје

Јуниорите поразени од Луксембург во Скопје

Репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години во рамките од третото коло од Европското првенство – Б дивизија загуби од Луксембург со 63:73 (37:27).

По триумфот над Исланд во првиот натпревар, следеше пораз од Холандија во вториот натпревар, а денеска нашите јуниори запишаа пораз од Луксембург.

Нашите кошаркари ја контролираа играта и на полувремето водеа со 37:27. Кризата почна во третиот, а кулминираше во последниот период. во цело второ полувреме постигнавме 26 поени, четири помалку од Луксембург само во последната четвртина.

Најпрецизен за нашиот тим Кирил Панов со 22 поени. За гостите Бен Ковач постигна.