Лидерот на Западната конференција во НБА лигата, Јута Џез, во убедливиот триумф над Орландо Меџик со 137:91, постави неколку рекорди.
Кошаркарите на Јута реализирани 26 тројки од 55 обиди, од кои 18 беа во второто полувреме, што е апсолутен рекорд.
Ова четврти пат сезонава Џезерите да погодат 25 или повеќе тројки во еден меч, израмнувајќи се со учинокот на Хјустон рокетс од сезоната 2018/19.
Донован Мичел предводеше со 22-та домашна победа во низа со 22 поени и 6/7 за три, го следеше Богдановиќ со 17 поени и 4/6 за три поени.
Во рекордната домашна победа, Јута заостана за три тројки да го урне апсолутниот НБА рекорд од 29 реализирани шута за три поени во еден меч.
Преостанати резултати НБА:
Вашингтон 87:109 Далас, Детроит 81:125 Њујорк, Мајами 115:101 Кливленд, Филаделфија 122:113 Минесота, Сан Антонио 133:139 Индијана, Портланд 133:85 Оклахома, Сакраменто 128:129 Милвоки.