среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Кадетите загубија и од Естонија

Кадетите загубија и од Естонија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман на 15-тото место на Европското првенство – Б дивизија во Португалија, откако вечерва го доживеа и петтиот пораз во вкупно шест натпревари.

Вчера подобар противник од нашите млади кошаркари беа кадетите на Естонија кои забележаа убедлива победа од 99-90.

Кошаркарите на Македонија одличен впечаток оставија само во третата четвртина, единствената која заврши во наша полза, и тоа со 26-20.

Сепак, она што може да радува на овој натпревар е неверојатниот ефект на двајца наши кошаркари. Грегориј Јакимовски го заврши мечот со 30 поени, додека Марко Луканоски додаде 24.

Македонија во дуелот за пласман на 15-тото место ќе игра против Украина.