среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кадетките со нов убедлив триумф и прво место на „Челинџерот“ во Тбилиси

Кадетките со нов убедлив триумф и прво место на „Челинџерот“ во Тбилиси

Женската кадетска репрезентација на Македонија на одличен начин го заврши настапот на Челинџерот во Тбилиси.

По вчерашната убедлива победа од 70 поени над Ерменија, денеска во последното коло избраничките на селекторот Никола Златев славеа со 104-36 и над домаќинот Грузија.

Со овој триумф младите македонски кошаркарки завршија на првото место на турнирот со максимален учинок од четири убедливи победи и тоа против Грузија, Ерменија, Албанија и Малта.