Кошаркарската репрезентација на Македонија, играчи до 16 години, убедливо загубија од врсниците од Литванија (95:52), во последното коло од групната фаза на Европското првенство во Скопје.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Јаничиќ со 15, Најков со девет и Марјановски со осум поени. Бутајевас со 22 поени ја предводеше Литванија. Во осминафиналето, Македонија ќе игра против Словенија, а мечот ќе се одигра в среда од 16 часот.