Кошаркарот на Милано, Кајл Хајнс е избран за најдобар дефанзивец во Евролигата за сезоната 2021/2022. Хајнс во изборот на евролигашките тренери стигна до титулата најдобар дефанзивец, откако претходно ова признание го освојуваше и во 2016 и 2018 година како член на ЦСКА Москва.
Со своите 35 години, Хајнс е и најстар играч кој го добил ова признание. Американецот сезонава во тимот на Олимпија Милано просечно бележеше по осум поени, 5,3 скока, 1,8 асистенции, 0,7 блокади и 0,7 украдени топки.