петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кајри Ирвинг нов кошаркар на Далас

Кајри Ирвинг нов кошаркар на Далас

Кајри Ирвинг ја продолжува кариерата во дресот на Далас маверикс, откако газдата Марк Кјубан успеа да се договори со Бруклин нетс околу размената на играчи со која повеќекратниот олстар кошаркар кариерата ќе ја продолжи во Далас.

Според договорот меѓу клубовите, Бруклин ги доби Спенсер Динвиди, Доријан Дини Смит, како и изборот од првата рунда на драфтот во 2029 година што требаше да му припадне на Далас.

Челниците на Бруклин не сакаа да се разделат од еден од своите најдобри кошаркари, но пресудeн беше фактот дека договорот на Ирвинг истекуваше на крајот од сезонава, па „мрежичките“ се најдоа во ситуација да мора да го пуштат да си замине ако сакаат да добијат барем нешто за возврат.