вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Канада ја победи Словенија и се пласира во полуфиналето на Мундобаскетот

Канада ја победи Словенија и се пласира во полуфиналето на Мундобаскетот

Канада со 100-89 ја победи Словенија и обезбеди полуфинале на Светското првенство, поразот на Словенците значи пласман на Србија на Олимписките игри.

Канада покажа дека е посилна селекција од Словенија и заслужено дојде до триумф. Клучна беше третата четвртина која Канаѓаните ја добија со 30-21.

Првите две четвртини беа тесни, на одморот се замина со нерешено 50-50, но потоа Канаѓаните го кренаа нивото и дојдоа до триумф од 100-89.

Нервозниот Дончиќ предвреме го заврши мечот поради две технички грешки. Тој постигна 26 поени на натпреварот. Најефикасен беше Жилжус Александер со 31 поен, имаше и 10 скокови.

Поразот на Словенија донесе радост во Србија затоа што оваа селекција се пласираше на Олимписките игри. Од ова Светско првенство двете најдобри селекции од Европа обезбедуваа место на Олимпијадата во Париз, тоа се Германија и Србија.

Во полуфиналето Канада ќе игра токму против Србија, а другиот полуфинален меч е дуелот меѓу САД и Германија.