Кошаркарот на Денвер, Џамал Мареј, би можел да го пропушти претстојниот Мундијал поради повреда.
Ова за Баскетњуз го изјави генералниот директор на Кошаркарскиот сојуз на Канада, Роуан Барет.
Мареј минатата сезона со Денвер ја освои титулата во НБА лигата. Во сезоната имаше просек од 20 поени, четири скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Канадската репрезентација ги започна подготовките за Мундобаскетот, а најдобриот играч на оваа селекција е неизвесен на СП кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Мареј тренираше со соиграчите од канадската репрезентација, а Барет истакна дека лекарскиот тим ќе ја донесе конечната одлука.