петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кари за една седмица се враќа во стројот на шампионот

Кари за една седмица се враќа во стројот на шампионот

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари би можел да се врати на паркетот веќе следната недела, најави генералниот директор на клубот Боб Мајерс.

Според него, рехабилитацијата на 34-годишниот кошаркар се одвива според планот и тимот очекува својот најдобар кошаркар да биде подготвен за настап против Сан Антонио Спарс на 13 јануари.

Кари заздравува од повредата на левото рамо што ја заработи на 14 декември на натпреварот против Индијана Пејсерс.

Пред да се повреди, Стеф Кари сезонава имаше просек од 30 поени, 6,6 скока и 6,8 асистенции. Голден Стејт, актуелниот шампион во НБА, моментно е деветти во Западната конференција со 20 победи и 19 порази.