вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кармело Ентони не отпатува на мечот на Лејкерс поради здравствен протокол

Кармело Ентони не отпатува на мечот на Лејкерс поради здравствен протокол

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони не отпатува со тимот за мечот против Лејкерс.

Ентони остана во Орегон „придржувајќи се на протоколот за здравје и безбедност на НБА“. Ова го соопшти клубот.

Триесет и шестгодишниот Ентони има просек од 10 поени по натпревар на неговите две воведни средби сезонава.

Средбата Лос Анџелес лејкерс – Портланд е закажана за ноќта понеделник кон вторник со почеток во 4 часот.