Новото засилување на МЗТ Скопје Аеродром, Кеандре Кук, е избран за најдобар играч на 18. коло во АБА лигата.
Кошаркарот од САД дебитираше во СЦ „Јане Сандански“ и беше најдобар играч на МЗТ Скопје во победата над Цедевита Олимпија. Кук одигра 24 минути, забележа 26 поени, имаше пет скока и една асистенција.
Челниците на лигата му го дадоа признанието за МВП на оваа рунда, што може да е голема мотивација за Кеандре Кук.