среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кемба Вокер го пропушта остатокот од сезоната

Кемба Вокер го пропушта остатокот од сезоната

Раководството на Њујорк објави дека нивниот кошаркар Кемба Вокер нема да игра за тимот до крајот на сезоната 2021/22.

– Целосно ја поддржуваме одлуката на Кемба да престане да тренира до крајот на сезоната и да го искористи тоа време за да се подготви за следната сезона. Долгорочниот успех на Вокер на теренот останува наш главен приоритет, се вели во соопштението на Никс.

Вокер му се приклучи на Њујорк во летото 2021 година како слободен агент, потпишувајќи двегодишен договор со тимот.

Триесет и едногодишниот Американец оваа сезона одигра 37 натпревари за Њујорк никс, со просек од 11,6 поени, 3,5 асистенции и 3,0 скока по натпревар.