Некогашната ѕвезда на Шарлот Бобкетс (Хорнетс) и екс член на Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Далас Маверикс, Кемба Вокер за прв пат во својата кариера ќе се испроба надвор од САД, Канада и НБА лигата, односно доаѓа во Европа каде ќе настапува за една од најдобрите екипи во Евролигата.
Четиркратниот НБА Ол стар се договори со француски Монако, тим кој ланската сезона ја заврши на третата позиција во Евролигата.
Се работи за едногодишен договор кој дефинитивно е голема работа за Монако и воедно европската кошарка затоа што плејмејкерот е еден од играчите кој имаше значајна улога во НБА во изминатава деценија со тоа што мора да се потенција дека во последниве сезони не беше на посакуваното, очекуваното ниво.