вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кевин Дурант три недели надвор од терените

Кевин Дурант три недели надвор од терените

Американскиот кошаркар Кевин Дурент поради повреда на зглобот ќе отсуствува три недели, соопштија од Феникс.

По прегледите со магнетна резонанца, утврдено е дека паузата ќе биде значително пократка од првично претпоставеното.

Дурант го повреди зглобот на загревањето пред натпреварот со Оклахома Сити Тандер. Откако дојде од Бруклин, Дурант одигра три натпревари за Феникс, со просек од 26,7 поени, 7,3 скока и 3,7 асистенции.