Американската кошаркарска репрезентација ќе настапи со силен тим на Олимписките игри во Токио, а главна ѕвезда во составот на Грег Попович ќе биде Кевин Дурент.
Кошаркарот на Бруклин Нетс прифатил да биде предводник на новиот „дрим тим“ и покрај долгата сезона и проблемите со повреди, а ќе биде единствен претставник на својата екипа во националниот тим.
Од кошаркарите на кои се уште не им е завршена сезоната, дел од „дрим тимот“ ќе бидат Девин Букер од Феникс, ЏРу Холидеј и Крис Мидлтон од Милвоки.
Дванаесетката ќе биде заокружена со Бем Адебајо од Мајами, Бредли Бил од Вашингтон, Дрејмонд Грин од Голден Стејт, Зек ЛаВин од Чикаго, Демијан Лилард од Портланд, Кевин Лав од Кливленд, Џејсон Тејтум од Бостон и Џереми Грент од Детроит.
Дел од стручниот штаб на селекторот Попович ќе биде и Стив Кер.