Кевин Дурeнт ќе го предводи Феникс во полуфиналната серија на Западната конференција против Денвер во НБА лигата, а кошаркарската мегаѕвезда во меѓувреме потпиша значаен договор, со кој до крајот на животот ќе остане заштитно лице на компанијата „Најк“.
Дурант првиот договор со оваа компанија го потпиша во својата дебитантска сезона во НБА, во 2007 година. Во изминатиот период беа произведени 15 модели на брендирани патики со потписот на големиот ас, во подготовка е и 16. модел, за соработката да биде крунисана до доживотниот договор потпишан денеска, со што Дурант ги следи стапките на Мајкл Џордан и на Леброн Џејмс, кои имаат вакви договори со американската компанија за спортска опрема.
„Кога за првпат потпишав со Најк, не можев ни да сонувам дека ова ќе биде толку успешно партнерство. Завршивме извонредна работа од креативен аспект, но и филантропски гледано. Го прошетавме светот заедно и изградивме бизнис што со овој договор ќе трае засекогаш“, изјави Дурант по потписот на договорот.