Бруклин Нетс забележа нова победа во НБА-лигата откако победи против Њујорк Никс со 110-107 и тоа на крилата на Кевин Дурент.
Американскиот кошаркар даде 50% од поените на својот тим и беше главен виновник за победата на гостински терен во „Барклејс центарот“. Дурант натпреварот го заврши со неверојатни 53 поени и реализација 19/37 од поле, а зад своето име додаде уште девет асистенции и шест скока.
Одлична поддршка за Дурант на овој натпревар беше Андре Драмонд, кој даде 18 поени без промашување од игра (8/8), со уште десет скока зад себе.
За Бруклин Нетс ова беше трета врзана победа во низа и тимот е на осмото место во Источната конференција.