Олимпија Милано по 10 одиграни средби е закован на дното на табелата со учинок од само три победи и седум порази.
Причина за неуспехот се константните повреди, а работите за „манекените“ нема да се подобрат ни по новата повреда на клучен играч. Станува збор за Кевин Пангос кој на мечот со Фенербахче заработи повреда на лигаментите на коленото и ќе биде во „аут“ во следниот месец и пол.
„Во второто полувреме од Евролигашкиот натпревар во четвртокот портив Фенербахче, Кевин Пангос заработи повреда на лигаментите на десното колено. Играчот веќе го започна процесот на рехабилитација“, стои во соопштението на миланскиот клуб.