четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кевин Портер уапсен за физички напад над својата девојка

Кевин Портер уапсен за физички напад над својата девојка

Кошаркарот на Хјустон рокитс, Кевин Портер јуниор е уапсен во Њујорк во понеделникот, откако неговата девојка, поранешната ВНБА кошаркарка Кајсри Гондрезик го пријави за физички напад и давење во хотел во „големото јаболко“.

23-годишниот Портер потпиша четиригодишно продолжување на договорот вреден до 82.5 милиони долари минатата сезона, но гарантирани му е само годишната плата од 15.9 милиони долари за оваа сезона.

Ова не е првпат Портер да има проблеми со однесувањето и со законот. Портер беше 30. пик на драфтот во 2019 година по една сезона на Универзитетот на Јужна Каролина, каде што беше суспендиран поради своето однесуваање.