недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кирил Николовски стави крај на играчката кариера

Кирил Николовски стави крај на играчката кариера

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски стави крај на играчката кариера и има нова функција во неговиот клуб Еуро Никел.

Високиот крилен центар по тешката повреда на лигаментите со која се здоби на дуелот со ТФТ M пред крајот на минатата година реши дека е време за крај. 34-годишникот заминува во пензија како член на Еуро Никел, а претходно играше и за Кожув, Работнички, Карпош Соколи, Фени, МЗТ Скопје, Вардар Осигурување.

Четирикратниот шампион на Македонија со МЗТ Скопје и Работнички во иднина ќе работи како технички раководител во Еуро Никел.