среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Феникс од наредната сезона во Првата кошаркарска лига

КК Феникс од наредната сезона во Првата кошаркарска лига

Кошаркарите на Феникс 2010 од следната сезона ќе играат во Првата македонска лига, откако попладнево во третиот и решавачки натпревар, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ славеа против екипата на Партизан Водно Санс со убедливи 79:49.

Феникс 2010 со вкупни 2:1 триумфираше во полуфиналната серија од плеј-офот и обезбеди прволигашки статус. До решавачката победа екипата на Феникс 2010 стигна без репрезентативецот Андреј Митревски, кој поради повреда го пропушти решавачкиот натпревар.

Нешто порано, екипата на Ангели стана нов прволигаш откако со максимални (2-0) ја доби серијата против Чаир 2030.