KK Куманово и официјално потврдува дека е продолжен за следната сезона договорот со центарот Стеван Глигоријевиќ, кој ќе остане во Куманово уште една година.
Глигоријевиќ минатата година пристигна меѓу кумановци од екипата на Работнички, па се очекува 24-годишниот кошаркар во новата сезона да биде еден од темелите на играта на Куманово.
Од клубот информираат дека и следната сезона од клупата ќе бидат предводени од тренерот Игор Ѓорѓиевски, со кого исто така е продолжен договорот.