недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Маџари ќе игра наместо Струмица во втората кошаркарска лига

КК Маџари ќе игра наместо Струмица во втората кошаркарска лига

Култниот скопски кошаркарски клуб Маџари ГБ во следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига. Иако мината кампања беа запрено во полуфиналето на плеј-офот на третолигашите, клубот од Скопје успеа да ги исполни амбициите и ќе игра во второлигашкото друштво.

До ова Маџари дојде преку преземање на работењето на КК Струмица, а со тоа и нејзиното второлигашко место. Возобновениот клуб има високи амбиции, меѓутоа во првата сезона не успеа да се врати во Втората лига. Сепак, се изнајде начин и Маџари продолжува според зацртаното.

„Голема победа: Маџари ГБ следната сезона ќе игра во – Втората лига!Без разлика на „тесната“ и по малку несреќна елиминација во клучната полуфинална серија во третолигашкиот плејоф минатата сезона, нашиот КК Маџари Гази Баба продолжува по зацртаните стапки и следната сезона ќе игра таму и каде што посакувавме – во Втората лига.

Управата на клубот летово речиси 24 часа на ден работеше за остварување на оваа цел, што е само прв чекор до тоа кон што се стремиме, а тоа е играње со најдобрите во македонската елита и денеска конечно успеа во тоа. КК Маџари ГБ како амбициозен проект, позади кој стојат квалитетни, искусни, но пред се луѓе вљубени во кошарката и во оваа екипа, успеа да договори преземање на клубот, а со тоа и на второлигашкото место од КК Струмица.

Договорот е веќе потпишан, што значи дека во втората година од возобнувувањето, нашиот клуб ќе се пријави за настап во второлигашката конкуренција, каде што ќе покажеме дека и заслужено припаѓаме. Ова е награда за сиот труд на нашите кошаркари, тренери, стручниот штаб и пред се на управата, но и мотив за уште посериозна и понапорна работа. Доказ дека со вистински луѓе и со голема љубов кон тоа што се прави, ништо не е неостварливо“, стои во соопштението.

Челниците на клубот најавија дека веднаш се стартува со креирање на тим со кој прво целта ќе биде опстанок во Втората лига, а потоа можеби амбициите и ќе пораснат.