сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кливленд официјално го претстави Донован Мичел

Кливленд официјално го претстави Донован Мичел

НБА-лигашот Кливленд кавалирс го промовира своето засилување, Донован Мичел од Јута.

Како резултат на договорот за трансфер на Мичел во Кливленд, Џез го добија Колин Секстон, Лаури Марканен, Очаи Агбајџи како и три избори во првиот круг на драфтовите во 2025, 2027 и 2029 година.

Мичел, кој три пати беше избиран во Ол Стар тимот, е еден од најдобрите стрелци во НБА со просек од 23.9 поени по натпревар во изминатите пет сезони.

Беше избран како 13-ти пик на драфтот во 2017 година. Оттогаш, тој играше за Јута.

Кошаркарот минатата сезона играше на 67 натпревари во НБА лигата, со просек од 25,9 поени, 4,2 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки.