среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Коби Брајант постхумно награден за хуманизам

Коби Брајант постхумно награден за хуманизам

На легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант постхумно му се доделува наградата на Лос Анџелес „Еми“ за „добротворни цели, придонеси за развој на заедницата и инспирација, објави „Bleacher Report“.

Брајант кој го загуби животот во јануари во хеликоптерска несреќа, станува носител на варијација на наградата, која се доделува за неговите активности во Лос Анџелес.

Композиторот и пријател на кошаркарот Џон Вилијамс ја доби наградата во име на семејството Брајант.