Кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант официјално беше примен во Куќата на славните во Спрингфилд како дел од класата 2020 заедно со Тим Данкан, Кевин Гарнет и уште неколку добро познати имиња.
Сосема очекувано најголемо внимание привлече сопругата на починатиот Брајант која на сцената беше заедно со славниот Мајкл Џордан.
-Би сакал мојот сопруг да биде тука и да може да ја прими оваа награда. Тој и Џиџи заслужија да бидат тука и да бидат сведоци на сето ова. Џиџи ќе беше многу горда да го виде овде нејзиниот татко. Никогаш нема да има некој како Коби, тој беше уникатен. Тој беше посебен, скромен надвор од теренот, а сепак поголем од животот. Честитки, душо, твојата напорна работа се исплати, -истакна Ванеса.
Свој говор имаше и Џордан кој имаше посебен однос со Коби.
-Кога почина Коби Брајант, умре и дел од мене. Исто и за луѓето во оваа сала и околу планетата, дел од вас умре. Не би требало да сме тука. Ова се спомените со кои треба да живееме и од кои учиме. Ви ветувам: од овој ден па натаму, ќе живеам од сеќавањето дека имав мал брат на кого се обидов да му помогнам на кој било начин. Почивај во мир, братче, -рече популарниот Ем-Џеј.