среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Конектикат и Сан Диего во трката за NCAA титулата

Конектикат и Сан Диего во трката за NCAA титулата

Универзитетското првенство во кошарка во САД стигна до самата завршница. Во трката за шампионската титула останаа Конектикат и едно од најголемите изненадувања, тимот на Сан Диего.

Сан Диего во неизвесна завршница успеа да ја совлада Флорида со 72:71, а победничките поени ги постигна Ламонт Батлер буквално со звукот на сирената.

Во текот на натпреварот Флорида беше во постојано водство кое на моменти изнесуваше и 14 поени. Но, сепак во завршницата Сан Диего предводен од Мет Бредли кој мечот го заврши со 21 поен и шест скока успеа да направи пресврт и за прв пат во историјата да се бори за титулата во Универзитетското првенство на САД.

Сан Диего чија најголема ѕвезда во историјата на тимот е Каваи Ленард никогаш не успеал да ја мине елиминациската фаза во која настапуваат најдобрите 16 тима од целата земја.

Противник на Сан Диего и главен фаворит за трофејот е Универзитетот Конектикат (UConn), кој во полуфиналето на завршниот турнир што се одржува во Хјустон триумфираше над Мајами со 72:59.

За Конектикат ова ќе биде обид по петти пат да слави во шампионатот и да се израмни по бројот на трофеите со легендарните Дјук и Индијана. Последен пат UConn  трофејот го освои во 2014 година кога во финалето го совлада Кентаки.