Утрешното дерби во АБА лигата помеѓу Цедевита Олимпија и Црвена звезда нема да се одигра. Натпреварот во Љубљана е одложен поради корона вирусот.
Домаќинот пријавил неколку случаи на ковид, четири или пет, поради што побарал одложување на натпреварот.
Вест за одложување на натпреварот кошаркарите на Црвена звезда ја дознале во моментот кога чекале лето за Љубљана на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
За бранителот на титулата во АБА лигата ова значи одмор пред поврзаните гостувања во Евролигата. Звезда во среда ќе игра против Басконија, додека петок е предвидено да му гостува на Реал во Мадрид.