понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Перм

Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Перм

Кошаркарската репрезентација, денес во Перм го одработе првиот тренинг пред четирите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2022 година.

Селекторот Александар Тодоров за прв пат ги имаше сите кошаркари во Русија, а на располагање ги имаше сите 15 пријавени играчи.

За прв пат со тимот тренираа Стојан Ѓуроски и Ненад Димитријевиќ, кои доцнеа на првиот собир поради клупски обврски.

Мечевите ќе се играат во арената „Молот“ во Перм. За два дена прв ривал ќе биде Италија, а веќе следниот ден Македонија игра со Русија. Потоа ќе има дводневна пауза, па на 21 февруари ќе играат пак против Италија и ден подоцна со Естонија..

Македонија е последна во групата Б за пласман на Европското првенство, со два порази.