сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите на БиХ одбиваат да гостуваат во Литванија

Кошаркарите на БиХ одбиваат да гостуваат во Литванија

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина нема да патува на гостувањето во Литванија во меч од квалификациите за СП 2023 иако Светската кошаркарска федерација (ФИБА) им го отфрли барањето да се одложи мечот закажан за недела на 27 февруари, јавуваат медиумите од БиХ.

Од Кошаркарскиот сојуз посочуваат дека патувањето во држава што се граничи со Русија и Белорусија, две земји што се вклучени во конфликтот во Украина, едноставно е преризично.

Никој не може да нe убеди дека ова не е вистинска одлука. Не е е време нашата репрезентација да оди во ризичен регион. Тоа е ставот на Сојузот, стручниот тим и на кошаркарите. Медимите јавуваат за вонредна состојба во Литванија. Не знаеме каква казна ќе донесат од ФИБА, но во моментот поважна е безбедноста на нашите кошаркари“, велат од Федерацијата.