вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите на Македонија со стил се пласираа во квалификациите за ЕП

Кошаркарите на Македонија со стил се пласираа во квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во квалификациите за ЕП 2025, откако вечерва во Осло, со маестрална игра во текот на сите 40 минути, ја совлада убедливо домашната Норвешка со 79-41.

За жолто-црвените ова беше петта победа во шестиот меч од претквалификацискиот циклус, што значеше второ по ред учество во последната фаза пред континенталниот собир.

Американецот Ти-Џеј Шортс одново беше вистинскиот лидер на македонската чета со учинок од 22 поени, шест скока и пет асистенции, додека веднаш зад него беше Војдан Стојановски со 16 поени и пет скока.

Во квалификациите за ЕП 2025 ќе учествуваат 32 селекции поделени во осум групи со по четири национални селекции, а пласман на континенталниот собир ќе обезбедат по трите најдобри репрезентации.

Домаќините Кипар, Финска, Летонија и Полска имаат сигурна проодност од групите во кои ќе се најдат без разлика на пласманот, заедно со двете најдобри од останатите три селекции на нивната табела.

Натпреварите ќе се играат во четири циклуси и тоа ноември 2023, февруари и ноември 2024 и февруари 2025 година.