Македонската кошаркарска репрезентација првпат во историјата ќе игра за пласман на еден Мундобаскет, откако со вечерашната победа над Швајцарија (67-61) на претквалификацискиот турнир во Скопје обезбеди место во квалификациската фаза за место на СП 2023 година.
Сега само чудо може да нè спречи да се најдеме во елитата, односно тоа може да се случи само ако Швајцарците утре ја совладаа Словачка, а таа задутре ја преслуша Македонија со повеќе од 60 поени разлика, што реално е невозоможна комбинација.
Мекиќ со 16 и Бојан Трајковски со 15 поени беа најефикасни кај Македонија, додека Крстевски средбата ја заврши со 11 постигнати поени. Џонатан Казади со 15 поени беше најпрецизен кај противникот.
Утре на турнирот во Скопје играат Швајцарија и Словачка (19 часот), додека задутре, на затворањето, македонските кошаркари ќе го одиграат дуелот со Словаците