четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите на САД го претрпеа четвртиот пораз на 58 пријателски натпревари последните три децении

Кошаркарите на САД го претрпеа четвртиот пораз на 58 пријателски натпревари последните три децении

Кошаркарската репрезентација на САД ноќеска во Лас Вегас претрпе неочекуван пораз од Австралија (83:91) на пријателски натпревар како подготовка за Олимписките игри во Токио.

Ова беше четвртиот пораз за Американците во пријателски натпревари, откако во националниот тим беа вклучени играчи од професионалната НБА-лига. Билансот од 1992 до денес на САД во пријателските натпревари е 54 победи и четири порази.

Во саботата, ѕвездите од НБА загубија од Нигерија со 90:87.