Македонската кошаркарска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство со пораз од Украина во Скопје со 68-73. Овој негативен резултат е само потврда за тоа дека сме далеку од европскиот кошаркарски врв, како во минатото, бидејќи во групата Г останавме со шест порази од исто толку натпревари.
Андреј Јакимовски со 17 поени и девет скока беше најдобар во нашиот тим, а двоцифрене ефект имаа и капитенот Војдан Стојановски со 15 и Бојан Крстевски со 13 поени.
На вториот натпревар во нашата група Грузија ѝ го нанесе првиот пораз на Шпанија во квалификациите со 82-76 по продолженијата.