петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите во август ќе одиграат два меча со Литванија

Кошаркарите во август ќе одиграат два меча со Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација по нешто повеќе од еден месец ќе се врати на местото на најголемиот успех, четвртото место на ЕП 2011, откако на 8 август „Жалгирис арената“ во Каунас ќе го одиграат првиот од двата пријателски меча против Литванија.

За жолто-црвените ова ќе биде тест пред стартот на претквалификациите за ЕП 2025, каде што паднавме по мизерниот учинок во квалификациите за СП 2023 (засега имаме скор 0-5), додека за домаќинот проверка пред почетокот на втората фаза од обидот да се дојде до Мундобаскетот, но и пред Евробаскетот што следува на почетокот од септември.

Литванците ќе ни бидат домаќини и следниот ден, но овој пат во Алитус, а престојот во „земјата на кошарката“ ќе го искористиме и за контролен дуел со Финска.