недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарките ќе гостуваат кај БиХ во Сараево

Кошаркарките ќе гостуваат кај БиХ во Сараево

Женската сениорска репрезентација во текот на февруари ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одрши во Словенија и Израел.

Светската кошаркарска федерација ги одреди и официјалните лица за дуелите на нашата најдобра женска селекција против БиХ на гостински односно Белфија на домашен терен. Средбата со селекцијата на БиХ нашите девојки ќе ја одиграат на деветти февруари, во Сараево, како што одреди националната федерација на БиХ. Ќе се игра во салата на Културно-спортскиот центар на Илиџа.

Ќе ја суди женска судиска тројка во која се Амел Дахра од Франција, Наташа Драгојевиќ од Црна Гора и Диана Лапановиќ (Словенија), додека делегат на овој натпревар е Урош Ивановиќ од Словенија.

Три дена подоцна, на 12 февруари, ќе ја пречекаме селекцијата на Белгија. Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а ќе го судат Немања Нинковиќ (Србија), Димитриос Захарис и Маргарити Тсантали од Грција