Вчера на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на десеттиот натпревар од групата Запад ја забележаа десеттата победа.
„Баделки” со огромна резултатска разлика 80:41 (20:9, 19:14, 12:8, 29:10) ја совладаа екипата на ЖКК „Струга“.
За убедливата победа од екипата на „Бадел 1862“, најзаслужни се Стојановска со постигнати 22 поени и Трајчевска со 20 поени. Во листата на стрелците се запишаа и Димова со 11, Лазаревска 10, Адамовска 8, Максимовска 6 и Димитријевиќ со 3 поени.
Најефикасни од екипата на ЖКК „Струга“ беа Лаковиќ со постигнати 17 поени и Спаиќ со 13 поени.