Женската кошаркарска сениорска репрезентација со првиот тренинг реализиран во малата сала на СРЦ „Кале“ ги стартуваше подготовките за она што следува следната седмица.
Двата натпревари од вториот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година.
Првиот, на гостински терен, против репрезентацијата на Белгија, и три дена подоцна, на 27. ноември, во Скопје, кога ја дочекуваме репрезентацијата на Германија.
Селекторот Александар Ашаданов и неговиот асистент Атанас Димов на првиот тренинг ги дочекаа следниве кошаркарки:
Состав: Јелена Антиќ, Едина Муса, Илина Селцова, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова, Соња Адамовска, Катерина Поп-Димитровска, Драгана Петковска, Михаела Алексовска, Теа Митрева и Мерит Хемпе.