Кошаркарската репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри. Во Талин, момците на Александар Јончевски сега беа поразени од домаќинот Естонија со убедливи 83-59.
Триер уфрли 14, по 12 имаа Дрел и Раиесте, колку што даде и Војдан Стојановски, а тука беше со поен помалку и Ти Џеј Шортс.
Последниот натпревар на овој претквалификациски турнир, Македонија го игра во вторник во 15:00 часот против Чешка.