АБА лигата за оваа сезона планира враќање на Супер купот кој треба да биде вовед во новото издание од регионалното кошаркарско натпреварување.
Турнирот најверојатно ќе се одигра во Подгорица, а на него ќе настапат осумте најдобри тимови во последната сезона и според тоа покрај домаќинот Будуќност ќе партиципираат шампионот Партизан, финалистот во разигрувањето Црвена Звезда и Цедевита Олимпија, ФМП Железник, Мега, Задар и Студентски Центар.
Се очекува пред да се играат решавачките дуели за пласман во првата секоја од екипите ќе игра по три натпревари што значи дека учесниците ќе бидат поделени во две групи по четири.
До сега одржани се три АБА Супер купа и тоа во периодот од 2017 до 2019 година кога следуваше прекин поради пандемијата, а трофеите ги освојуваа Цедевита, Црвена Звезда и Партизан.