Македонската кошаркарска Федерација (КФСМ) ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година и ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт.
Наградите, како што е соопштено, ќе бидат врачени на пригодна свеченост која ќе биде организирана на 26. Декември во хотелот „Хилтон“ во Скопје.
Во гласањето за избор на најдобрите во македонската кошарка во 2022 година ќе учествуваат сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите.
Предвидени се признанија во 18 различни категории.