понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарската репрезентација со последни проверки пред премиерниот меч во Перм

Кошаркарската репрезентација со последни проверки пред премиерниот меч во Перм

Македонската машка кошаркарска репрезентација го одработи и вториот денешен тренинг. Во салата „Молот“ во Перм, тренираа сите 15. кошаркари на кои смета селекторот Александар Тодоров за турнирот кој го стартуваме утре од 15.30 часот кога го играме првиот меч против селекцијата на Италија.

Селекторот Тодоров ќе ги објави 12.кошаркарки кои ќе влезат во протоколот за овој натпревар по техничкиот состанок со официјалните лица на ФИБА, односно комесарите на „балонот“ во Перм, предвиден за доцна попладне.

Според распоредот одреден од ФИБА и од организаторот на „балонот“, Македонија може да тренира и во четврток, во периодот од 11.00 до 11.45 часот по локално време, односно 07.00-07.45 по македонско време.