петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарската репрезентација се собра пред одлучувачките натпревари

Кошаркарската репрезентација се собра пред одлучувачките натпревари

На три дена пред првиот од двата дуела во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, македонската репрезентација се собра и ги почна мини-подготовките.

Селекторот Александар Јончевски на првиот тренинг имаше на располагање 17 кошаркари меѓу кои натурализираниот Ти Џеј Шортс, но без Ненад Димитријевиќ кој беше на поширокиот список, а поради повреда не играше на Ол стар натпреварот од ВТБ лигата.

Периодот за подготовки е многу краток, репрезентацијата ќе тренира во Скопје вчера и денес напладне заминува за Словачка каде го има првиот меч.

Во пресрет на последните два натпревара од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, Македонија се наоѓа на првото место, со добри шанси таму да остане и да обезбеди пласман во квалификациите. Потребна е само една победа во на гостувањата во Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари) иако, теоретски, можно е и со два пораза да останеме на првата позиција.