петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарската репрезентација тренираше во Осло, денес следува мечот со Норвешка

Кошаркарската репрезентација тренираше во Осло, денес следува мечот со Норвешка

Македонската кошаркарска репрезентација вчера го одржа првиот тренинг во Нордстранд арената во Осло каде денес го игра одлучувачкиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство.

Селекторот Александар Јончевски и неговите избраници се подготвуваат за дуелот против селекцијата која во Гевгелија ја победија со 22 разлика и со само 36 примени поени, со надеж дека и денес ќе издвојуваат нова победа.

Победа на овој меч ја носи Македонија во квалификациите за Европското првенство, но ако Словачка загуби од Данска, уште пред натпреварот ќе го прославиме пласманот во следната фаза.