Кошаркарскиот клуб Куманово не можеше повеќе да ги покрива проблемите со финансиите и организацијата на клубот, а тоа се одрази на резултатите и некогашниот вицешампион испадна од Првата лига.
Куманово во клучниот натпревар загуби од новајлијата Чаир 2030, со резултат 72-81 и на четири кола пред крајот на плеј-аутот за опстанокот ги загуби сите шанси да биде дел од најдобрите македонски клубови и догодина.
Ова е првпат Куманово да испадне по сезоната 2009/10. Најдобар кај Чаир беше Александровски со 23 поени, пред Роби со 17 поени, додека кај Куманово се истакна Марјановиќ со 20 поени, пред Глигоријевиќ со 12 поени и 17 скока.
Покрај Куманово, во понизок ранг патува и Струмица така што се е познато во мак-баскетот околу битката за опстанок.