четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Koшаркарскиот клуб Вардар се врати во прволигашкото друштво

Koшаркарскиот клуб Вардар се врати во прволигашкото друштво

Кошаркарскиот колектив Вардар од следната сезона ќе игра во Првата лига, затоа што обезбеди финале во плеј-офот во второлигашката конкуренција.

„Црвено-црните“ во серијата беа подобри од Ангели, кои ги совладаа вторпат, со 82-73 и така обезбедија место во елитното друштво.

Тимот од Кисела Вода во еден момент дојде на четири поени негатива (49-45), меѓутоа Вардар не дозволи нешто повеќе.

Екипата на Јованчев така успеа да се врати во Првата лига по сезоната 2020/21. КК Вардар беше најдобар во регуларниот дел од сезоната и одигра одлично во плеј-офот.

Се чека на уште еден патник во Првата лига, а тој ќе биде познат по „мајсторката“ на Охрид и Соколи.