Кадетската репрезентација на Македонија по четири години играње со најдобрите во Европа испадна во дивизијата Б, откако денеска го загуби првиот од двата дуели кои мораше да го добие и тоа убедливо против Израел со 48-71.
Најефикасни во составот на Александар Јованчев беа Сергеј Петровиќ со 16 и Никола Јаничиќ со 14 поени.
Македонската кадетската селекција пласман во дивизијата А обезбеди во 2018 година, а следната година во Удине и лани во Скопје обезбеди опстанок во друштвото на најдобрите, додека во 2020 и 2021 година не се играа европски првенства поради пандемијата со корона вирусот.