петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Костас Адетокумбо е нов кошаркар на Панатинаикос

Костас Адетокумбо е нов кошаркар на Панатинаикос

Младиот кошаркар не беше долго без клуб бидејќи неодамна го раскина договорот со Фенербахче.

Грчкиот великан Панатинаикос оваа сезона има план да изгради многу посилен тим од минатата сезона.

Поранешниот европски шампион веќе направи промена на тренерската позиција. Но предводник на зелените од Атина е турскиот тренер Ергин Атаман, а сега пристигна и најмладиот од браќата Адетокумбо.

Панатинаикос имаше многу лоша сезона. Евролигата ја завршија на дното на табелата, додека во финалето на грчката лига беа поразени од Олимпијакос.